лапа (несв.)

Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И да ти кажам, ти голтар низаеден, така лапајќи, можеш само стомак да си расипеш, разбра ли?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти гледај да нема влага да не вие во крстот. И норовите да не ја лапаат плашицата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Дури и најголемиот мудрец си ја лапа збунето брадата, сиромав, не знае како да ја прекине олимпијадата.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А јас дека ситна, уште ме мислеа дете што лапа муви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја претчувствувале главата пред жртвеникот на прегладнетоста: пред пенливи ноздри виси побелен јазик и се допира до нејака тревка; тоа е преживарска смеа над човечка алчност - лапајте и цицајте крвца, еднаш билјето со корен ќе ја смукаат и вашата крвца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На само 45 степени, плус уште толку покрај жарта што, се подразбира, сама мораш да ја одржуваш кршејќи ситни гранки дрва и да ги потурнуваш во огнот, кој веднаш ги лапа, а ти кршиш нови и спотинаш оган постојано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако не си знаел, ќе ти кажам. Дивите свињи се дебелеат од мрша. Не си ги јадел. Утре тие ќе те лапаат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си ги заборавиле куќите, лапаат туѓоземни муви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас ќе и најдам на Антица маж богат и, онака, зрел човек во години, а не што лапа муви како оној копук.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Осмооделенци седат дома и лапаат плата, а ја седам дома и лапам кикирики.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби за овие шо лапаат милиони е малку понаклонета во споредба со некој мулти талент од Агино село за кој судбината сакала да се роди баш таму наместо во Мадрид.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ѝ беше пријатно да го гледа, да го слуша како и раскажува „закон божи", историја, природознание и друго; како одговара пред учителот без запирка и како лапа кај нив варена тиква, компири или кора.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Па, се разбира, рибите ќе му ги пржат, а тие на село често колат пилиња, па ќе лапа Мацко џигерчиња.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тенка од изгладнетост, лапаше како да не видела храна, и, навистина, последното што го беше јадела беше натопен леб помешан со конзерва сардина, па сушен на сонце.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се прпелкаат риби, кленови и крапови, на суво, доаѓаат диви вепришта, ги лапаат и се дебелеат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Навистина Чук Нам болувал - лапал премногу воздух и со ветар го посолувал.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Повеќе