лапавица ж.

лапавица (ж.)

А нѐ тепа дожд и лапавица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слегол од амбарче Силјан долу и тргнал за дома да си влезе, чунки рано било и малку времето расипано со дожд и лапавица, била уште баба Марта, та домашните си седеле крај огон и си се грееле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Го пофаќам, а после не знам како да си ја избришам раката. Ја тријам со лапајцата што се топи на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и времето ги отепа. Лапавицата речиси на целиот пат им беше другар, та им ги стопи и последните сили.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Лапавицата ко паспал ни се лепи на алиштата. Море погано време!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дожд со лапавица ги фати дента и тие накиснаа до кожа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Лапавицата се згусти и ветрот со брзината на возењето се зголеми и беше многу студен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Плуснаа првите есенски дождови и лапавици. Жолтите лисја паѓаа по земјата и ја постилаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Надвор веќе почнува да паѓа снег. Нешто како лапавица. Снег и дожд заедно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Здодевен дожд со лапавица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред мене еден сув магарешки трн се ниша, се занесува од лапајцата. 86
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пукаш во стушената ноќ, во лапајцата. Колку да не заспиеш. Се браниш од сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лапајцата си врне, се сменува. Напати ќе удри повеќе на дожд, напати повеќе на снег.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На извршување! - удира тој нога од нога, тапка со тешките чизми врз замрзнатата земја, крие лице од студениот ветер, и свртува грб на лапавицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А лапајцата не запира. Се отворило небото и се истура. Врне дожд со снег, врне железо. Дроби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си паѓа дожд и снег, снег и дожд, лапавица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Времето заснежуваше. Во Братислава, нѐ пречека многу силен дожд, измешан со лапавица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вее лапавица, камионите остануваа во снегот, а јас со мојот морав да ги влечам еден по еден до горе. Цел ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе