принц (м.)

Позитивни искуства: можат да те претворат во прекрасен принц.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Принцот среќен, насмевка бликна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од кралската палата глас се слушна Кралот старицата силно ја гушна Добре дојде мајко стара Малиот принц тебе ми те бара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Зар да го осудиме принцот на Честољубието Ние што знаеме од најрано детство Дека речиси на сите паметници на великаните Високо кренатата рака од бронза Иако празна нѐ храни со надеж!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Старицата се насмевна слатко Немој кралу, ти ќе станеш татко Твојата кралица дете ќе ти роди Принцот на бел коњ низ светот ќе оди.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Помислив на Бодлеровите Албатроси кои немоќни на земјата со тешките крилја беа горди принцеви на небеската шир.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
– Италијанското знаме го сошив самата, според урнекот на знаменцето, неколку дена откако крај нашата куќа мина колата во која беше кралицата Џералдина, со принцот Лека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тоа, принцот бил потпомогнат од својата сопруга, која ги споделувала со него восхитот и чудесната почит што толку високо надарени луѓе биле способни да му ги укажат на еден гениј.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Во бродот Галеб се одржуваше Југославија во мало како во подвижен музеј, како објект во пловидба, со елитни кадети, избраници од сите народи и народности на Југославија кои на своето копно ги насетуваа првите тектонски поместувања на големата конструкција, а на морето беа како птиците албатроси со раширени крилја, принцеви на сините морски ширини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Малиот принц ротира во вселената и се смее онака зајадливо, како да те поседува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Колку чудесна идеја да се бара спасението во невиноста на козите и нивниот принц Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во одаи китни слуги цвеќа носат Принцот се роди, принцот славен Во дворецот кралски тој ќе биде главен Кралството ќе цвета со години на век.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Принцот Лихновски воопшто не бил навикнат на вакви нешта.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Еден од неговите најрани пријатели од Виена бил принцот Лихновски, личност која се чини дека поседувала комбинација од сите оние благородни квалитети што карактеризираат еден господин.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Им понудија голема листа на принцеви , за да застанат на чело на новото албанско кралство.
„Граница“ од Луан Старова
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Сите ги кренаа носевите замислувајќи дека се принцеви на небесниот свод.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А замислете: тој седи во белата када полна со сапуница како разгален принц среде море сладолед и ги пее овие чудни звуци.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Децата весело извикаа...! Ураа! Ураа! Ураа! Ова е принцезата наша што очи боди, а по нејзе принцот, на бел коњ ќе оди, решивме денес круна да ѝ ставиме, и до утро журка ќе си правиме...!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Исто така, неколку свои композиции му посветил на грофот Мориц Лихновски, помладиот брат на принцот.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Повеќе