принцеза (ж.)
Ете и желката стаса, Јас ќе сум принцеза од прва класа...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Посветеноста на принцезата, особено, секогаш била очигледна.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
На ливада шарена една баба Марта немо си седна дечиња се збираат принцеза ќе бираат. Се појави пчеличката Маја...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кревок е светот во кој принцезите им го продаваме на варварите за по две години мир.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во овој случај, принцезата Лихновски, која била грофица Тун и била поврзана со некои од најдобрите семејства во Европа, била централна фигура.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Носеше некое ново фустанче и ми личеше на малите принцези од убавите бајки. Колку ја сакав!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ќе те глочка како зрното грашок принцезата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Јас ќе бидам принцеза! највредната сум пчелка, од мојата генеза. Не, не, не, извикаа дечињата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сега среќно омажена, живее богато како принцеза.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ама, и Пепелашка од нигде никаде станала принцеза... а јас се разбудив и прво посакав, а потоа и сама поверував дека ќе стојам позади мојата тезга како продавачка, со мојата книга како писателка...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во Бугарија дошла од Кашмир каде што, според преданието, некоја индиска принцеза се капела во базен сиот опсипан со ружи...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Грофот се оженил со сестрата на принцезата Лихновски и бил култивиран човек, чие најголемо задоволство била музиката.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Принцезо на убавината и соништата, покажи ми што знаеш!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Кога Бетовен направил грешка слична на онаа на Рис, принцезата разиграно го удрила неколкупати со раката по главата, велејќи: „Ако ученикот е казнет за блага грешка, господарот не треба да избега, кога прави уште поголема,“ на што сите се смееле, со Бетовен на чело.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Но, љубезноста и трпението на принцезата никогаш не го изневериле; по секоја неволја, таа била онаа што ја измазнувала тешкотијата и ја враќала хармонијата.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Тој го бранел секој напад врз најновиот производ на неговата генијалност и на почетокот одбивал каков било компромис, но подобрите совети конечно надвладеале, веројатно со помошта и од принцезата Лихновски, која толку често ја преземала улогата на миротворец.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Принцезата, со сладост и љубезност што Бетовен ги ценел, секогаш ги смирувала.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Децата весело извикаа...! Ураа! Ураа! Ураа! Ова е принцезата наша што очи боди, а по нејзе принцот, на бел коњ ќе оди, решивме денес круна да ѝ ставиме, и до утро журка ќе си правиме...!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Најмало дете на своите родители, Томаица беше растена и чувана како капка вода на дланка, како да беше мала принцеза.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)