композитор (м.)
Во тоа време тој сѐ уште немал направено нешто што би ги навело луѓето да веруваат дека некогаш ќе стане голем композитор.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Можел да импровизира чудесно и привлекувал внимание со својот талент, станувајќи славен долго пред да биде познат како композитор.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Ниеден друг композитор не бара повеќе; никој не го наградува ученикот толку богато за бараниот напор.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Музичката атмосфера на Виена ќе била многу подобра за него, особено во овој период, кога станувал маж и бил желен да им пристапи на делата на современите композитори.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Тој бил плоден композитор и автор на бројни теоретски дела.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во олтарот е поставена плоча со неговото име и од пиетет кон овој голем композитор не смее никој да нагазне врз плочата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За композиторот на музика на удиралки секој звук е прифатлив; тој го истражува „немузичкото“ поле на звукот кое академиите го забрануваат и тоа во онаа мера во која е тоа можно да се направи мануелно.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сега композиторите можат непосредно да создаваат музика, без помош на изведувачот- посредник.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Или пак дека како дете бил фасциниран од идеите во физиката и математиката; во средно школо и на факултет ги следел своите научнички и лингвистички интереси и му се развиваат и уметнички амбиции; ја открива својата длабока љубов кон многу композитори, особено кон Бах и Шопен.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бил композитор на опери, концерти и други дела.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Лудвиг ван Бетовен, дедото на композиторот, бил назначен за Капелмајстор во Бон, во март 1733 година, тогаш на дваесет и двегодишна возраст.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Внимателно ја слушаше плочата. Камилски им се восхитуваше на големите композитори, но размислуваше што можело токму на јаничарите, кои влевале со векови страв и трепет во Европа, и на нивниот марш кој влеваше страв и трепет кај противниците, да им посветат свои композиции и тие долго време да бидат изведувани на европските музички подиуми?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не смееме да ги заборавиме ни Нефе, поранешниот учител на Бетовен, или Симрок, кои сите заедно формирале галаксија од виртуози и композитори, неспоредливи со ниту една слична организација.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во време на Бетовен, а и долго пред тоа, аристократијата водела живот со лесно, самозадоволно уживање, плеткајќи се во уметноста, поддржувајќи музика и композитори, навидум без да предвиди дека музичарите што ги закачиле на својот воз, и кои во случајот на Моцарт и Хајдн напати биле третирани само малку подобро од слуги, се предодредени од иронијата на судбината да добијат места во храмот на славните, во кој тие самите немале пристап.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година умира композиторот на Норма, Белини, и се обвиваат со филц и гума тркалата на парниот автомобил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Овој мотив на композиторот Сметана му послужил како сиже за операта „Далиборка“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога, општо зборувано, тишината не е присутна, тоа е волја на композиторот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Композиторот (организаторот на звукот) ќе биде соочен не само со звучното, туку и со севкупното временско поле.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Инаку е филмски композитор, вечен левичар, активен учесник во разни љубовни незгоди, прекрасен човек и добар пријател.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Целосно свесен за супериорноста на ова дело во однос на сѐ што дотогаш се појавило, ова сознание го направило понизен.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)