афинитет м.

афинитет (м.)

Белезите, трагите, афинитетите кон другите јазици се симултано присутни со претставувањето на она на што текстот се однесува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но што можеа да имаат Татко и Камилски, со фанатичните службени препишувачи на времето, Бувар и Пекуше, кои случајно се сретнале во Париз, откриле заеднички афинитети како кописти и решиле да се спротивстават со нивната автодидактичка апотеоза на тогашниот култ кон науките во нивниот најголем расцут во XIX век?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Платон“, рекол Емерсон, „игра тажен хаос со нашите оригиналности“.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Доживеал ненадејна и прекрасна експанзија, расцут, кај Бетовен, кај кого секоја фаза од уметноста била развиена до колосални размери.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Низ разговор ги откриваа своите заеднички афинитети.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)