афинитет (м.)
Белезите, трагите, афинитетите кон другите јазици се симултано присутни со претставувањето на она на што текстот се однесува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но што можеа да имаат Татко и Камилски, со фанатичните службени препишувачи на времето, Бувар и Пекуше, кои случајно се сретнале во Париз, откриле заеднички афинитети како кописти и решиле да се спротивстават со нивната автодидактичка апотеоза на тогашниот култ кон науките во нивниот најголем расцут во XIX век?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Чувствувал дека со Бетовен последниот збор бил кажан во чистата инструментална музика, додека неговите книжевни таленти исто така му послужиле да навлезе во ова поле на оперската композиција каде што тие би можеле да си најдат соодветен израз.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Убаво излегува на површина во неговиот творечки опус во сонатите и во скерцата од симфониите.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Низ разговор ги откриваа своите заеднички афинитети.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)