ќеф (м.)

– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Гала со него се сплетка и потоа глава не крена – на многумина голем ќеф направи, но после тоа со Германецот, никој за жена не сакаше да ја земе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Наоколу многу гости седеа, терајќи си го ќефот со по некое пивце, со обемниот ручек, натпреварувајќи се со ишарети и сочни шеги, со кои се засмејуваа меѓусебно како врвен десерт по јадењето храна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со себап сме се собрале, убав ни е муабетов, сакаш да ни го расипеш? Гледај си го ќефот тука!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Својот страв му го пренесуваше и на дедо, ама тој велеше дека ќе му мине ќефот по книгите на синот, штом ќе се ожени, дека ќе го навасаат тогаш други грижи и ќе запре со читањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Човек понекогаш мора да си го направи ќефот, за потоа некое време да биде мирен. Како бубалка во влечки.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тие, навикнати дома во сѐ да им се угодува, „да им се оди по ќефот“ како што се вели, го задржуваат истото однесување и со другарите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Неда, невестата му, и сестра му, тие да ја работат куќната работа, а пак Силјан ќеф имаше пазарџибашија да биде; да беше кабил катаден да оди на Прилеп на пазар, да купува вино и ракија и друзи слатки работи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што требаше да биде тоа „Ќе ви...“? Ќе ви покажам јас вам, или ќе ви дадам отров, или ќе ви ја заебам мајката и сестрата и сѐ живо и мртво, или ќе ви стокмам слика од мене да се крстите пред неа, или ќе ви го сторам ќефот, ќе ве најадам и ќе ве напојам, или ќе ви ја земам силата, и така обесилени, ќе клечите пред мене и, тресејќи се, ќе молите и ќе чекате, оддалечени долу, под моите коленици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така тогаш правеа Трбиќевците и српските џандари во поробена Македонија - убиј некого, кој не му беше по ќефот, убиј го чинеа потајум и прогласи го за избеган во Бугарија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бидејќи гален Силјан и аџамија, ич ќеф немаше да работи селска работа: орање нивјето, копањето лозјата, жниењето нивјето, вршењето и овците гледање оставени беа на Божина и на Божиница.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Думав на валијата да му сторам ќејф со една џамија од моја страна, да ја кренам со мои луѓе и со мои пари, во слава на Алаха и на падишахот, само да ме остави намира”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тито не му оди по ќеф на Сталина. Може да пукне! Војна може да има!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Никому, се разбира, не му се исплатуваше, во тие гладни години, да ги држи одделно, само за ќефот на малкуте кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дотогај ти гостин ќе ни бидеш, јади си, пиј си и ќеф терај си“, му рекол Аџи Кљак-кљак војводата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
От беше било непендек вампир многу ќеф имал на тапан да игра.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А ти потоа влегуваш во таа миризлива бела, или сина, ини црвена сапуница, зависи, по ќеф, каква ќе си избереш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Демек оваа нашава, планинскава, не ти е по ќеф?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Co неа Толе почна да си го реди животецот по својот ќеф.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе