утеши (св.)

Држ ме сега за глава да ме утешиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Околу неа се врткаше мачката. Нејзе сигурно ѝ беше жал за расплаканото девојче па се галеше околу нејзините нозе и сакаше да ја утеши.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ДИМИТРИЈА: Ај тебе жена ти ќе те утеши, кој да ме утеши мене што ве родив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Потоа се утеши со цигари завиткани во весник, што некои од болните ги изработуваа од догорчиња собрани од ѓубрето, зашто нејзината опсесија со пушењето стана толку силна како и првичната опсесија со телефонирањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Блажени се оние кои плачат, оти ќе се утешат” Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите се собраа околу него за да го утешат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Би требало да ме утеши таа мисла.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе ги утешам оние што ќе се растажат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ја стискам дланката, и гледам: Од огнениот глас на искрата остана само студ на пепел Што се мачи да ми шепне нешто, Да ме утеши, да ме залаже...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Никој не сака да нѐ земе во раце да нѐ утеши.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Невозможно, рече, тоа нешто друго не е како што треба, се обиде да се утеши.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ама тука си е милата учителка - да утеши, да избрише солзи и мрсулаво носе - и така ми стори, и ме убеди дека тоа можело секому да му се случи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
— Ја утеши Тода и веќе ја воведе во вратичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Биди слободен, мајка Б'лгарија има еден залаг леб за вакви како нас. — Го утеши Јован и, откако се почестија сите, ги покани Толета и Митра кај него на гости додека се сместат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се обидувам да ги утешам Мајкл и Кори објаснувајќи им дека од лошо има и полошо.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ние пак, ќе се утешевме со славната сентенца која што често се користи кога некој вечен студент ќе дипломира: Ако е забавено, само нека не е забораено.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Повеќе