ураган м.
урагански прид.

ураган (м.)

Ако се во прашање грблести вештици, еднооки џинови или зли волшебници со свински чурила, ќе ме снема пред да трепнеш. Ни ураган не ќе ме стаса.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Му кажаа за капетанот што ја бараше националната гарда и му го покажаа весникот со написот за ураганот.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ураганот навистина се случил, и сигналниот вод на мојот пријател навистина ја имал задачата опишана во приказната.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Јасно беше дека целата работа е пропуст на еден дел од Метеоролошкиот завод: Во средата попладнето, кога жителите почнале да се евакуираат, заводот издал соопштение дека ураганот нема да удри пред четвртокот навечер.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Зошто во Македонија се беа помешале младото и старото вино во една мешина, во која се надвјасуваа меѓусебно, па се закануваа секое со својата жестина да создаде што посилен ветер, ураган во чие око се криеше тајната која не знаеме каде ќе нѐ однесе. А таму, во тоа око, кој може да навлезе? ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ураганот, се воспостави, потполно уништил едно мало село наречено Криол, сместено на некој остров или најверојатно на некоја висорамнинка сред разлеаната делта на реката, дваесетина милји оддалечена од Лејк Сити.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во родната земја Албанија во 1997 година како да беше минал нов ураган.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Немаше многу знаци дека тука поминал ураган: само неколку дрва и патокази беа срушени и овде онде имаше по некоја керамида или тараба.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Немаше многу знаци дека тука поминал ураган: само неколку дрва и патокази беа срушени и овде онде имаше по некоја керамида или тараба.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нејзиниот вресок како да го стивна за миг оној ураган што му дуваше во градите, просто поткревајќи го од местото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На овие зборови, да ме прашаш зошто - не знам, кога рече поплавувам од бес, ја земам гитарата, па мавам, мавам! Ураган! Какво недоразбирање!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дождот престана. Беше тоа како... како сред филм за лавина, торнадо, ураган, вулканска ерупција... како нешто најнапред да се расипало на уредите за звук, придушувајќи и конечно исклучувајќи ја сета бучава, сите експлозии и громогласни ечења и грмотевици, а тогаш како некој да го истргнал филмот од проекторот и наместо него да ставил дијапозитив со мирен тропски предел, што не се менуваше ниту трепереше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Никогаш не сум видела ураган.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)