уличка ж.

уличка (ж.)

Затоа следниот ден излезе пак да го чека истоименикот, но сега не седна на талпата пред продавницата туку на еден камен веднаш зад аголот пред уличката во којашто се наоѓаше неговата куќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Понекогаш се запрашував: дали првиот поттик да му предложам на брат ми да се запознае со Сара беше ужасот од онаа помисла дека тој ќе го побара телесното задоволство во некоја од оние улички, доколку не му се случи вистинска љубов?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со скришен поглед се опули кон групата водарки и како од куршум пронижан ги наведе очите и го заврте тилот кон водарките, — го буцна магарето да повјаса да не го сретнат во тесното Мидово уличе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вртиме по некои улички затрупани со подадени стари куќи, готови и тие да тргнат по нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се тргаме за раце и претрчуваме преку уличките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш на раскрсницата од главната улица по која се движеше, еден црн автомобил со огромна брзина сврте во уличето кај бакалницата по што се слушна силно шкрипење и многу гласен но тап удар.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Живееја во една од оние улички во кои куќите се толку збутани една во друга, што комшивките знаат што манџа во чија куќа се крчка, кога се подготвува пастел, кога, бурмуелос или алхарос7.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Трчаме по една уличка, а до половината од калдрмата е истурена стока од бакалите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се измешаа така и се разделија на групи и секоја група бодињаше по една уличка, за да се сретне со друга во друга та да нема каде да се поминат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Улицата остро свртуваше и завршуваше во долги скали што водеа во една потоната уличка, во која неколкумина тезгаџии продаваа овенат зеленчук.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Центрифугирање Кога ќе те стигне зимата на крајот од уличката, немој да брзаш со изненадувањето.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Свртуваме во друга уличка, а на средината гледаме лежат жена и девојче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека се движев околу уличките на Карловиот мост, зјапајќи во витрините на магацините или така неопределно ненадејно пред мене помина една старовремска кочија, се подзапрев и улицата од сите страни затворена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На плоштадот, под дивиот костен, на влезот во уличката кон Главната пошта и амамот, чистачот на чевли Кадрија, откако ги напика кај глуждовите картончињата за да ми ги заштити од боја чорапите, ја крена кон мене шеретската насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не кај очувот, кај што се преселија кога веќе имаше седумнаесет години, туку малку подалеку од центарот, во оние споредни улички, во куќата на дедо му.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека го открива стравот, додека се слуша последното биење на блиската камбана, тие се веќе од другата страна на реката, во уличката која, заедно со многу други луѓе, ги истура во дворот на црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Знам, вели таа од другата страна на оградата што ја одвојува градината од уличката, знам, ти не беше со булукот бегалци, отпосле се јави со ова китче во рацете и со овој чувар крај себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Откако се наиграа и нашетаа низ село, сите улички ги протрчаа со коњите, сите кучиња ги нападија надвор од селото, ги направија коњите бела пења, изгазија ергенчињата по некое девојче, турнаа по некоја стара баба и ќерамида од покривите; на еден знак се прибраа секој во својата „база".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе