соло (прил.)
„Не видов ништо освен празни листови со неколку крајно неразбирливи египетски хиероглифи кои му служеа како водилка, бидејќи тој ја отсвире речиси целата соло делница напамет, немајќи време да ја напише целосно; секогаш ми даваше знак кога беше на крајот на некој од овие неразбирливи пасажи“.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Ова не може да се споредува со слободното свирење соло, бидејќи концертот е напишан за гудачи и пијано, а Бетовен го свирел пијаното.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мразот го скршив и од предметот пеење кога морав да пеам соло што се вели пред самиот класен, оти, иако се изнасмееја сите, а и тој, сепак не ми стави слаба оцена. Како за почеток, вели, добро е!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)