сит (прид.)

Бевме чисти и сити и секој ден бевме војници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Никој не беше сит и таа нејаска нѐ тераше да одиме по куќите и да просиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Надвор од градот на квечерината е нерешителна и збунета од искинатиот лет на црвеноглавите жолни со невозможно силен клун; сити се тие птици добротворки на дрвјата и без чувство се за голите козји черупки на литите страшила по нивите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4. ГОЛЕМ ЗАЛАК ГОЛТНИ, ГОЛЕМА РЕЧ НЕ РЕЧИ - притоа и сит довека и спокоен до гроба ќе си, со таа слобода и пред олтарот на ропството клечи и моли за своето право да бидеш тој што не си...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Дома се вратив сит, задоволен и наострен за дејствување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А дедото додаде: „И волкот сит и овците на број“, што на него му значеше дека ќерка му раат ќе си лежи на патологија, а мажиштево од зет, ете, со нивниот благослов и пари ќе може да си ја задоволи страста.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Визиите не господареле над него и над неговиот сит, безгрижен, тромав живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше здрав како дрен, срцето одлично му функционираше и имаше сон како сито доенче кое со најмирна совест си спие до следниот оброк.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Со даноците кои ќе се собираа од 100 000 курви сите ќе живеевме као у Калифорнија. И волкот сит и овците поебани.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На „балканското проклетство” така, од книга до книга, му спротивставува световен рај на толеранција, сличен на зелениот рај на детската љубов опеана од Шарл Бодлер: златно доба на несигурна конзистентност, парада на сити деца и разиграни животни, каде што семејствата се збратимуваат (покрај разликите во јазиците и религиите, етничките кланови и политичките догми), некаде помеѓу песните и извиците, некако субверзивно солидарни, како што се оние предизвикани од митскиот Чанга: „Да живее козата на комшијата!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сити сме и од тескобите и од тешкото време, особено во ова наше време. Затоа, пријателе, те молиме да ни ги ископаш очите зашто веќе не е за гледање, не е за слушање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќето беа сити. Се местеа околу огнот да заспијат и се менеа при светлоста на запалените трупци и распарчени стебла, беа и луѓе и призраци, стенкаа, се чешаа, ги сврбеше кожата и ги болеа коските под кожата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Змејко стана и ја прибираше храната. Печката беше усвитена и мирисаше на леб што се потпечува. Беше едно угодно, сито чувство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Околу тој проблем, со брат ми сме истомисленици: што ним, на татко ми и мајка ми, им е гајле што јадеме и кога? Главно да сме сити.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нив , најмалку ги погодуваа шлаканиците зададени од економското невреме, ( согласно старата поговорка : ситиот не верува на гладниот ) па така си кротеа пострана, уживајќи ги себично благодетите од системот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Доста пак сакаше да биде и „волкот сит и овците на број", да му даде нешто малку многу на Крча и со тоа да го откупи целиот Трајков мал, да ѝ остане за Толето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега, по многу одминато време неизбежно во мозокот се вклинува прашањето: која беше целта тие, осумте илјади партизани на Демократската армија на Грција да влезат во ровови и бункери и само со пешадиско оружје да ѝ се спротивстават на осумдесет илјадна владина армија облечена и сита и вооружена со најсовремено оружје?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе им раскажам за Шумшул- град и за таинствениот рудник на дијаманти, како и за страшното чудовиште Мортенија, за која некои мислеа дека ќе е идна господарка на светот, од исконски времиња сит од секакви господари.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе