саксија ж.

саксија (ж.)

Навистина колку убаво би изгледала куќата на соседот кога оџакот би бил како саксија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Масата на судиите и поротниците е на десетина метри висок подиум и е оградена од обете страни со растенија месојади во големи саксии од фајанс.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Највисоките претставници на дипломатскиот кор беа построени како убаво наредени и украсени големи саксии со цвеќе во свечената сала на УНЕСКО.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги подредуваа така што меѓу нив ставаа саксии со папрат и аспарагус, зашто сарделите зимно време не вегетираат, па ќе бидат засолнети со зеленилото од папратта и аспарагусот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Џамлаци гледаа на улица, и во нив саксии со сардели.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Инаку зошто ќе служела саксијана во која сега гореа свеќите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Средба Денес убив една мушичка; Лежев на терасата и хорот од микроорганизми во земјената саксија со земја пееше погребна песна; Знаев дека си тука, а не верувам во реинкарнација.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Во неколку саксии имаше посадено босилек, во неколку други саксии со голема грижа ја одржуваше билката куќа на среќа, сметајќи ја за симбол на нашето семејство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Облечена во бело, како во прошетка низ библијата, Едно утро таа забележа: Затворени прозорците на дуќанот, Изгорени хризантемите во нејзината саксија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пристапи Сузе од одделението за учителката Мица и на писателката ѝ подаде саксија расцутени егзотични љубичици.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На чардакот, на другата страна на улицата, Утринум, во иста доба, тихо си пееше жена И ги полеваше цвеќињата во саксиите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но тој тогаш се задржа подолго, и потоа, на излегување, се задржа за да им се восхитува на растенијата што беа посадени во саксии на терасата, и да сочувствува со неа поради лисните вошки кои ги напаѓаат цвеќињата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И наеднаш место црни, тажни оџаци, гледам прекрасни саксии со цвеќе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Уште во осмолетка се вљуби во првиот комшија. Во истата зграда, на истиот кат, во различни влезови, ама балконите им беа еден покрај друг и ги делеа само два реда саксии со сардели... и голема разлика во години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас, пак, не се омажив, висок критериум или носталгија кон земјата (онаа во саксијата). Или не бендисав ниту еден од Хелмутовци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Денес купив брокула и лимони на терасата имаше нови саксии- земја, зелени разјадени листови и знаев: ти беше мојата Араукарија.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Масата на судиите и поротниците е на десетина метри висок подиум и е оградена од обете страни со растенија месојадци во големи саксии од фајанс.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од детстките лица погледот ѝ мина кон масата украсена со две саксии кали - и наредени сите нејзини книги напишани за деца и млади.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе