првокласен прид.

првокласен (прид.)

Тоа е резултат на првокласната обука што во денешно време им се дава во Шпионите - подобра дури и од моето време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сендвичите со плескавици беа од чисто мелено месо, првокласно, и ги служеа со салата од зелка, пржени компирчиња и една четвртина кисела краставичка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Македонија може да произведува првокласна марихуана и согласно со тоа првокласен хашиш.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како трн во око во тој момент ми падна државниот грб со првокласен афион кој патем беше комунистички рецидив.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Секој регимент добивал по две големи тепсии со првокласна баклава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дотолку првокласните криминалистички романи по 1930-та (Валас за нив е припрост) ѝ соодветствуваат на маниристичката театарска литература од периодот меѓу 1600 и 1630-та.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Информациите на Еванс претставуваат првокласен извор за опстојувањето на Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)