покајание ср.

покајание (ср.)

Сликата ти е недофатна божја, сатанска, бесмртна бела, охола ало, лакома суето, Киту твојата јасна росна јарост крвавиот рев вресот на твојата пена - грбна лавовска локна зборот може поверно да те опише од било која икона, лажен идол -развратен знак на китоловците- Милосрдна срж, срцевино, божилаку казни ги поганите: скриј ја вистината ‘рскавицо на покајанието послушај го умот на бога Магу, уживач на морски бездна - утробата на светот Цицалче големо лицето исцели си го од длабочини, Ламјо совршена прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Така, Карлајл, пишувајќи за Данте вели: „Тој ја отвори длабоката, неразбирлива оаза на несреќата што се наоѓаше во душата на човекот; ги отвори живите извори на надежта, исто така и на покајанието“.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Уште и се чудите од каде толку праведници во редиците за покајание.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Говорот на неговото срце бараше прошка, нудеше товари покајание, сѐ со цел да ја „испере“ својата совест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе сфател дека не бил во право во некоја расправија или кавга, а мора да се признае дека тие биле чести во неговиот живот, тој го исправал тоа толку сериозно, со толку жестоко самооткажување и покајание, што било невозможно кој било од неговите пријатели да му се спротивстави.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Посака животот да го заврши во покајание далеку од светот и самата да си биде судник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ретко кога тој давал објаснување за музичката намера во своите композиции.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)