петолиние (ср.)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Да не се свират конкретните ноти што се означени во петолинието, туку некои други, еден или два степена погоре или пониско, да свириш четири или пет на еден удар, како на пијано, и да го направиш тоа брзо, шеесет, или осумдесет, или сто удари во минута – ова е речиси како магија, но не е ништо во споредба со она што Бетовен често го правел во музиката.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Квечерината, додека претураше по белешките, виде како неколку врапци се распоредија на телефонските жици како ноти на петолинието.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во вагоните ширум отворени триста добро виносани музичари ја раскинуваат атмосферата со по четириесет и пет петолинија одеднаш...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)