паун (м.)

Цвичат релсите, ко пауни во зоолошка градина, запира возот, но луѓето не запираат да се тресат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Паунот ги беше раширил крилјата, небаре запрел божилакот врз неговото гордо издигнато главче.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зад мене беше Манастирот Свети Наум во Македонија, врз чиј црвен ќерамиден покрив шеташе гордо паун со раширени крилја со сите бои на божилакот, надополнувајќи ја убавината на библискиот пејзаж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопчуваа од подот Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Просто и направо си влегол во разгледница, па сега се рашетуваш низ неа како паун со отворено ветрило на опашот, додека на некој не му здодее и не ти ја поткуси кикиритката, па да те спика во плико и да те залепи во него, со прописни марка и мур, пред да те прати по пошта на одредена адреса или на пост-рестант.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но ако бил повеќе загрижен за коњите, 'ртовите, пауните и билбилите во сарајот со мраморни шадрвани, слушал меланхолична песна на една од своите пребели жени и ги заборавал човечките патила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми на радиото во облик на паун, на кратките бранови, ја бараше својата радиостаница.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Слеговме во Стоби; тој ме држеше за рака; немаше во тој допир ништо сексуално, ништо еротско; ме држеше како да е светец и како да сака да ме воведе во света тајна; одевме, и набргу се најдовме на местото каде тој се имаше опиено, пред толку години, на екскурзијата, крај мозаикот со паунот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите и златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пауните пикнати под сенките на смоквите во дворот, се довикуваа гласно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мајка, охрабрена од смирувањето на Татко, стана, го засили гласот на радиото во форма на паун, од кое се ширеше тивка музика, па продолжи со нежен, ведар глас: – Се сеќаваш ли, мили, се навестуваше крајот на зимата на 1939 година, беше чинам крајот на февруари, пролетта се насетуваше во воздухот кога дојде дома, еден ден, со писмо од градоначалството, испратено за нас, од Тирана, упатено на мое име? – Се сеќавам, како да не се сеќавам. Писмото беше адресирано од Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Едно утро, нѐ разбуди гласот на радиото, во форма на паун, коешто Татко го донесе уште од Цариград и го носеше со себе при сите преселби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во зоолошката градина, недалеку од тревното царство на пауните, од студентските дни Pavo kristatus, најдоа свој човек со смачкана глава. Без докази.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За жал, вашето љубопитно око не може да втаса до сите мои тајни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите, златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Десно од мене видов еден прекрасен мозаик со паун; до него видов уште еден, на кој беше насликан пајак во мрежа; бев уште пијан и мозокот ми создаваше чудесни слики: „Овој паун овде што ги покажува пердувите е Фискултурецот. Види го колку е смешен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оној нејзин паун, иако не знае што сторила, уште толку ќе ја рашири опашката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бев како надуен паун, кој се надул и си го чисти перјето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во неа држев викторијански мебел помешан со едно старо коњче- играчка, панаѓурска машина за мерење сила, лампи од Тифани, играчка- Индијанец кој продава Andy Warhol цигари, полнети пауни и еден стар флипер.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќе