парола ж.

парола (ж.)

Носат знамиња, пароли на кои пишува: Не сакаме скапа технологија.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Уште не е засушена бојата по ѕидовите од новите пароли против Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Авионот ја допре земјата токму кога дисплејот над седиштето покажуваше дека сме на две илјади и шестотини метри надморска височина и тоа беше уште еден знак дека сме живи и здрави поблизу до ѕвездите а ние веќе си знаевме од домашните политички пароли дека и сонцето е ѕвезда.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сепак тоа беше заблуда и не потраа долго, ѕидот, набргу беше бело варосан и насекаде на неговата површина испишавме црвени пароли.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Градот осамнуваше со старите, но и со нови плакати, пароли: – Да живее социјализмот, Наша иднина е комунизмот, Тито – Сталин иднина, Смрт на класниот непријател, Братство–Единство, Смрт на шпекулантите, Да живеат задругите, Смрт... Смрт на овој, смрт на оној.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Извикуваа пароли во кои славеа прогресот на народниот дух, ослободувањето од дотогашните лажни вредности, викаа: „Да живее народната уметност!“, ги застрашуваа сите оние за кои сметаа дека не се декларирани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вака прогнат на тврд камен во една пештера меѓу лисици и дождалци немам сили да се извинувам и да извикувам пароли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И нас и нив не ставија под исто знаме... само паролите други.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаат да извикуваат пароли, да јадат, патем да лежат под сенка и да си ги одржуваат чисти војничките униформи. Во Прењес сите се плашат од падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Напред се извикуваат пароли, се мешаат викотници и пискотници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Низ цела Океанија утрово имаше незадржливи спонтани демонстрации, кога работниците излегоа од фабриките и од канцелариите и парадираа низ улиците со пароли што ја изразуваа нивната благодарност кон Големиот Брат за новиот, среќен живот што ни го подари неговото мудро раководство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои стигнаа и да налепат плакати, да подготват летоци, да испишат транспаренти со пароли, во прилог на козата со успешни цртежи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најмногу страхувавме еден ден да не осамне и паролата: Смрт на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
— Ќе извика парола, велам и сум ја фатила вака за рамена, ја туркам и викам: женава е трудна!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Закатанета му е устата и сал му се присторува ли дека во него се клокоти, дека дури сега од него се откорнуваат долго закоренетите пароли кои ја гласеа и утврдуваа вербата во некое подобро утре...со кое растеше, зрееше и созреваше.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од репарациите од војната, од сиот здружен труд, одржуван со сила, со ударнички значки и ордени, со пароли, немаше големи резултати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На ридовите, врз бункерите, насекаде на патот ќе нѐ пречекуваат нови и нови пароли: Со Сталин до вечноста!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Песните и паролите не ни беа туѓи. И таму, во далечните романски градови, во кои нѐ одведоа за да се спасиме од војната, само за војна ни зборуваа нашите воспитувачи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уште на самиот влез во Тирана нѐ пречекуваат мамутски плакати со веќе видените пароли во кои постојано се запишани имињата на: Сталин, Водачот, Партијата...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе