паркче ср.

паркче (ср.)

Малку потаму, во зеленото паркче, во свое време била поставена чешма.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потамина сврте в десно и се спушти надолу каде што здогледа паркче и спроти паркчето кафеана каде што, околу една маса поставена надвор, беа наседнати тројца возрасни луѓе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Си ги зедов книгите и излегов во паркчето пред библиотеката, покрај Вардар.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во близина имаше мало паркче. Седна на една од клупите... Тивко плачеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Седевме во паркчето на нашата клупа. Го чекавме Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Паркчето, притеснето меѓу железничката пруга и сообраќајницата, претставува идеално место да се гледаат забрзаните автомобили: можеш да ги броиш, да запишуваш регистарски броеви.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- А сега ќе ви покажам каде се опив за првпат. Еве, во ова паркче.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На излезот од паркчето се свртевме. Љупчо и Џеронимо седеа на нашата клупа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ова улично паркче, розите, зеленилотото - ги имаше видено придушувачка среќа.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Не сакате да ручате? Ухтомска држеше сендвич. Под парчето леб како розов јазик ѕиркаше парче шунка. -Не. Ми мина желбата.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)