парадокс (м.)

Пак овој парадокс кој е умрен а кој е жив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Големиот парадокс во татковиот живот кој подоцна го следеше и неговото семејство, беше во тоа што секогаш кога помислуваше дека се здобил со нова дефинитивна татковина, неа како во правило ја губеше, обземен од митот на враќањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најголемиот парадокс беше што на крајот од својата мисија ја губев земјата којашто ја претставував!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Под знакот на парадоксот појдов во дипломатијата, под знакот на парадоксите се враќав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само се прашувам дали мораше да се случи толку драстичен парадокс за да ме натера да дојдам таму каде што треба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Каков парадокс! Животот и неговите самозалажувања се единствениот соработник на писателот...
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таков бил нивниот јаничарски парадокс, на Балканот уште пожесток.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така аскетскиот арсенал на тие парадокси, забележан во старите елејски учења и одредени во схоластичките примери за Ахил и желката и Лакот и стрелата, денес можеме да го збогатиме и со новиот технолошки пример...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во мојот живот, како да ја наследив татковата и семејна судбина на егзилските парадокси, кои секогаш на животот му даваа сосема подруга смисла и го поставуваат во некакво неразбирливо и апсурдно наттрчување со неумоливата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Природно ме следеше неумоливата судбина на парадоксите, наследена од моето егзилско семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Природата го закорени за најголемиот парадокс крај Езерото: во природата царуваше вечниот, единствен континуитет во животот, а историјата на семејството, на луѓето околу Езерото се одвиваше во најголемиот и најневозможен дисконтинуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Целта на сите овие ритуали, конвенции, маскирања, собирања, системи од правила и приоди, е еден од парадоксите што самиот живот го воздигнуваат до уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Фаерабенд го изразува ова гледиште во еден парадокс во својата книга од 1987 Farewell to Reason: „Најдоброто образование е она што ги прави луѓето имуни на систематските обиди за образување.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Впрочем декември е зимски месец“, го дополни своето размислување за тој временски парадокс.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
3. Парадокс Ако „Бог ја знае мерата“ на бесмртноста и на злото кое „расте и зрее“19 тогаш нека гугне зошто бројките се зголемуваат а бесконечното се наближува кога – о, парадокси! – „секој ден сме сѐ повеќе во загуба“20 нека објасни -богат со средства и начини- кој ги благослови човекомрсците та в оган фрлаат сѐ живо и диво да му се сотре семето на семејниот Матери?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во областа на логиката автореферентноста е признаена како главен извор на парадокси: Епименидовиот парадокс, попознат како парадоксот на критскиот лажго, потоа парадоксот на Расел за множества коишто не се свои членови, Хофстетеровите купишта парадокси итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сега имаш доволно докази за живот - спомени кои ја потхрануваат имагинацијата небаре е суета - долго ликување на заборавот, невидима јама. И, се разбира, парадокс: ќе биде она што најмалку си го посакувала во склад со законот на убедлива веројатност.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Парадоксот беше во тоа: тие, надвор од циркусот имаа сѐ, ја имаа целата планета, милиони и милиони квадратни километри; ние, во циркусот имавме круг со радиус од одвај дваесет метри, а сепак го имавме целиот свет (сум пресметал дека, според формулата πr2, тоа е само површина од 1256м2.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Животот му продолжи во парадокси: спасувајќи се од италијанскиот фашизам на Татко му преостануваше единствената можност за спас, ноќе да ја мине границата преку Езерото, или да биде интерниран во италијанскиот логор Порто Романо.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе