палав (прид.)

Не се смееше, не беше палав како неговите врсници и другите деца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Моите братучеди беа многу палави момчиња и никако не им се фаќаше крајот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Палаво стракче
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Додека беше малав, доста беше палав; бесот и лутината ги истураше на сестри му, кои, иако беа поголеми од него, се плашеа и му подбегнуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со своите раце сум те строел а те уби одред палав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не бев многу палаво дете, но се случи да скршам едно стомне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јаренцето дури сега престана со своето палаво поигрување околу него, со онаа свое скокаркање во неговите нозе, со кое го прогонеше сето време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така уште буден лежам принуден в молкот да се слеам (Ноќва од чудни плодој тежи што не ме пуштаат да пеам) Селата сами в ридје спијат сред сева блага страшна тихост (Крени во себе палав вихор по ѕвоната да бијат бијат)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Палавите, дрдорливите деца, отпрвин често го задеваа, но попусто.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Палавиот зрачок се капеше. Од неговата светлина бистрата водичка се преливаше како растопено злато.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Некаде длабоко во себе го чувствуваше шепотливото шумолење на трепетливите лисја од тополите, нивното палаво поигрување со летното ветре откај Осоговските Планини.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дедо Спасе има и едно малечко палаво внуче. Тоа се вика Васко и многу ги сака дедовите приказни.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Внукот му се одѕва од горниот крај на Заветна, а потоа само за минутка, задишан, палав и весел се најде пред деда си.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во одајата стана мрачно како во рог, а ветерот како палаво дете што згрешило, чиниш сфатил што сторил, стивна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се смееше на сето она, што го доживеа минатата ноќ и оваа утрина, а смеата сѐ уште продолжуваше да извира од него во палави клучеви и не сакаше да престане.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Запците на чешелот се претвора во мали ѓаволи, омекнуваа и се обвиваа околу дојките како палави, змијолики фалуси.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги учат како се впиваат езерски бранови во палавите очиња за да не замижуваат, кога ќе пораснат, на секоја секавица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе