невин прид.
невиност ж.

невин (прид.)

ЖЕНА Се бара жена Невина и чесна А да не е од мала Преспа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сакале да глумат партизани во шума проклетници кои се хранат со мрши во шумата стрелаа невини срни во градот убиваа човечки души
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Чудно ми е како тоа две години од мене постаро момче може толку да се лути заради овој невин прекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што ви скривиле овие кревки и невини душички?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Битолските улици биле попрскани со невина човечка крв.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ги вртат ладалата и со ситни чекори оддаваат внимание на некоја чудна миловидна, невина елеганција.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Промискуитетот ми беше животна определба. Се венчав со сите неневини жени на планетава.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ја револтираше бомбардирањето на невиното население.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ноќва сум мансарда од триесет желби санаториумски што лежиме кон неа откриени Сѐ трча кон еден невин смев октомвриски.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Почнала крвавата пресметка на жандармите и војниците со невиното македонско население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А страдаа илјадници невини деца, семејства, на кои земјата која ја претставував им помагаше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лежевме ден и ноќ, ноќи и дни, а горе во времето светкаше крст и ние невини влегувавме во историјата и таму земјата каде што престануваше – ние продолжувавме сами.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Погледни се себе, изгледот твој сега, каде е ангелот невин од назад години, со очи што светат, што зрачи, Ти темен стана.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Се чувствувам како да сум на свој закоп: стојам на мартовски ветар меѓу црни, лелеави чемпреси и невини, чиниш ни со рака недопрени споменици и со изморени очи се простувам со себеси в ковчег.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но кој можеше да замисли дека оваа војска ќе заврши за неколку години во братоубиствено урнување на земјата (со стотици илјади убиени невини луѓе, со милиони обездомени) која требаше наскоро да ја претставувам и за која како да бевме во еден вид жртвувана патрола.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дреново – страдалничко место и најгрда слика од која не може да се избрише лишајот на лошото што на невини луѓе им го направија челниците на грчките и македонските комунисти.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред мене лежеше спружена мојата невина жртва и трепереше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ти си млада. Изгледаш нормално и невино. Ако се држиш понастрана од луѓе како мене, можеш да поживееш уште педесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе