најави св.
најава ж.

најави (св.)

Но не ќе се врати човекот чие одминување го најавуваше свирежот на возот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Од другата страна на градот, само со малку подзарипнат глас, езанот го најави неговиот колега кој изгледа не го курдисал часовникот, та двата звука делуваа како фонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По оваа семејна трагедија Ејжа решава целосно да му се посвети на одгледувањето на децата и најавува затворање на сите свои веб-сајтови наменети за возрасни.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таа цел се достигнуваше едно со најавување историски и други права и сообразувања, а друго и главно, со инакво поставување на прашањето за народноста на Македонските Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со усилбите на Русија тоа недоносче закрепна малку, но при првото осеќавање на своите сили најавува претензии за самостојна политика – извор на несреќи за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но пролетта копаше во своето дно, го најавуваше летот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја подотвора плашливо вратата и ме најавува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа и ми беше пријатен тој негов Русин, тој генерал, кој никогаш не нѐ посети иако татко ти постојано најавуваше дека сигурно ќе го доведе на оној негов боршч што го спомнуваше толку често, па јас напати и мирисот му го сеќавав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Влага апостолот–приправник и го најавува штркот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ноќе и во лето, кога се домашните во полето, пенџерињата се поклопуваат со дрвени капаци но тие во мигов се раскрилени па низ замрзнатите џамови во одајата навлегува, зрачен, самракот: во меѓувреме надвор стивна виулицата, стегна сув студ и сега на небото и во воздухот се најавуваа јасник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ова беше прва закажана средба, другпат Камилски идеше кај Татко по тамина, а и тој не му се најавуваше кога го посетуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кошавата таа есен со мразни шлаканици многу порано отколку обично, го најави доаѓањето на зимата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некогаш камбаната од селската црква го најавуваше умирањето на човека.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се најавуваше интегралното писмо да биде испратено со дипломатската вализа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Убедена во точноста на формулата, македонската влада во 2007 година еуфорично го најави отпочнувањето на новата кампања за привлекување странски инвестиции под карактеристичен наслов: „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис рај во Европа.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имаше луѓе кои ги искривуваа лицата, го извитоперуваа гласот, и се претставуваа како ѓаволи, нудеа откуп на душите, најавуваа апокалипси, се закануваа дека на прагот е настапувањето на царството на темнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Госпоѓата што го најави концертот кажа дека и покрај тоа што Оливие тешко можел да ја прифати поканата да свири на овој божиќен концерт затоа што сите негови термини за концерти по целиот свет се закажани година дена однапред... Ја слушав Госпоѓата како зборува: ...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Повеќе