натоварен прид.

натоварен (прид.)

Нивната сиромаштија беше натоварена со уште едно зло за кое не се гледа лек.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Камиони натоварени со оружје доаѓаа преку порозните граници, а на оние територии што не ги контролираше државата се складираше оружје.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од срецелото натаму на југ патот одново го поприма својот поранешен изглед, повторно станува широк колку да можат да се разминат две воловски коли натоварени со снопје или со сено, или булук овци, кревајќи по себе пепелници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Патем се поздравуваа и разговараа и со селаните од другите села, кои ги бодеа пред себе натоварените добичиња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, сега гледам, работите стојат поинаку, бидејќи вредностите кои ги држеше тој пред себе како црковни табли, всушност ги доживуваше како товар што насилно му е натоварен, а за неговите кошули и за огнот в куќа и во нас, и уште за сандаците за замрзнување на кои им скапуваше газерот, за разглавените капаци на клозетските шолји, за штекерите без жица за вземјување, за цевките ф-15 за одвод на водата од машината за перење и бигорисаните цевки за довод на топлата вода, за недоволниот притисок на водата во бањата и преголемиот притисок во неговите уши, за лековите за детето што не можеа да се најдат на рецепт, а можеа да се најдат еди каде, на другиот крај од градот,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Понекогаш ѓупците со запрежни коли натоварени со картони ќе придонесеа за малку контраст низ Сталинова.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овој град е расположен на височинките на обата брега на реката, низ кој постојано се влечат шлепови натоварени со стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откога ја наполни до пола вреќата со компири, зема брашно од ноќвите во другата вреќа ја наполни до пола, па така натоварен полека тргна кон групата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ цевката можело ѕевгар волови да помине. Сосе кола натоварена сено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патувале со три натоварени маски и кога ги стемнило, легнале да преспијат на раб од мочуриште. Таму ги стасала клетвата на девојките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сум читал дека многу кози натоварени со бомби околу себе биле ис­праќани во непријателскиот фронт за време Првата светска војна! – Остави ги тие глупости!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
После видов дека држи пороже и води натоварено магаре на кое качено, завиткано во гуна, јаваше едно дете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа се клатеше со колковите по скалите угоре, а тој, натоварен како магаре, тешко дишеше позади неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По патот зад куќите слегуваа селани со магариња натоварени со плочи што ги вадеа од планината, а кои служеа за поплочување на градските дворови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Водат маски, натоварени со оружје и сандаци муниција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На неговото Волшебно самарче беа сега натоварени два тешки митралези и сандаци со муниција.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во документот, за кој се вели дека бил сопственост на трстјанската поморска полиција, се вели отприлика следното: „Еден брод на сопственик од Мисолонги, а државјанин на Турција, закупен од извесен трговец Никола Поцо, беше запрен на отворено море и се констатира дека е натоварен со барут и со муниција за малокалибарски топови и за маузерки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Освен со оружје, што била главна работа, неговите карвани натоварени со прехранбени, пред сѐ сточарски производи, оделе заедно со турските војски, со коморите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе