насели св.

насели (св.)

Таа ќе бара од нас во воспоставување добри односи кон сите народности што ја населуваат Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во неговата осаменост се населија две живи суштества што го потсетија на неговата младост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Донесе некаде од јужните страни две ластовички и ги насели под нашата стреа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ветровите што со тебе ноќевале излетаа ко црвени пеперуги Патува сега таа румена шума таа добра сенка на твојата смиреност таа ведра чадовина О ружо на пладнето дали тоа во нас се населува нова вртоглавица Во белиот камен покрај патот израснува еден румен знак Твојот цут во каменот се враќа Дали е тоа предзнак и за нас што дојдовме многу од далеку во тихиот предел на спомените.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се разбира, го фотографирала и местото што некогаш било населено со нивниот живот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Палестинците останаа речиси без половина од територијата која ја населувале со векови, биле протерани од нивните земји и од нивните куќи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Населувањето на Словените во Македонија се одвивало спонтано.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Селаните, принудени да го населат градот за да се создаде „новиот пролетаријат” се првите жртви на режимот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Обожава да се насели и одомаќини во кровот или под декот на секоја пристојна куќа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И кога веќе сѐ ќе стане заборав, пепел во човечка черупка во која во исто време се населуваат нови чуда, ќе остане само сеќавање за писмото на Рубина Фаин и прашање какво било и какво е, ако е сѐ уште живо, она јапонско дрво кое е и пак не е тајна за денешниот човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Такво сопоставување може да има помеѓу првата, т.е. теоријата за населувањето на Балканскиот Полуостров од јужни Словени формирани во две народности строго разграничени во етнографски и географски однос и постепеното изменување на етнографската карта на Балканскиот Полуостров, од една страна, и процесот на современото национално обособување на Македонија од друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој не се решаваше да се пресели таму, во неговата земја, засекогаш да се насели во друг град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Земјата е жолчката која од вртежот фатила тенка кора, врз која живиот свет атерирал од некаде, се населил или никнал – сеедно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Стравот повоторно се насели во секое катче. Еден друг страв.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Двете чорлави, бездомни деца се населија во него и првата преспиена ноќ во вагонот беше една од најмирните, најспокојни и најрадосни ноќи во нивниот скитнички живот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сепак, природните пречки никогаш не можат да бидат конечни граници, зашто тие истовремено секогаш служат и како инспирација да се надмине тој страв и тие да се преминат, да се освојат нив, да се населат.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Папируси полни со празни зборови, зборови што можеби се плод само на неговиот ум, а не на Божјата вистина која се населила во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Процесот на словенското раселување започнува во IV век и веќе до VI век Словените се населиле на левиот брег на Дунав и станале соседи на Византија која владеела со Балканскиот Полуостров.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Повеќе