намавне св.

намавне (св.)

Еден каплар фаќа бугарски поп-војник и му го намавнува ножот под гушата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога околу предниот зеде да се згустува магливата непроѕирност на врнежот, оној застана и му намавна со раката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лазор го зема ножот и почнува да го точи, да го намавнува на еден камен во гумното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еј, - им присторе и им намавна со рака да се качат горе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
IV. Нему не му одговори, иако се обиде дури и да си ја подигне раката и да му намавне на тоа старче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега, додека стоеше пак на прозорецот, загледан во веќе речиси зарамнетата дира на оние, што заминаа, на Змејко пак му се стори како да го виде тоа зачекорено човече, поклапушено од високата јака на кожниот ќурк и пак ја сети во себе желбата нему дури и да му намавне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И,сега тој може да му одговори нему гласно и со намавнување, а потем бригадирот Језекил продолжува по разгазениот снег, со долгата пушка на повисокото рамо, додека тој во себе довикнува по него да излегува и тој понекогаш напред и да разгазува, да не го остави постојано да го цепи снегот само Претседателот, бидејќи тоа знае ѓаволски да измори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Соколе се наведнува и позема нешто, како да се колеба за дел од секундата, но раката намавнува и каменот чукнува во џамот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Миќо веќе вриеше, тој стана од земи, потскокнуваше на едната нога, а другата ја влечеше осркајќи и, лут, се спреми дури да намавне на мене, но сепак се здржа и се задоволи само со карање: „Будала!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)