навикне св.

навикне (св.)

Беа навикнати на постојано движење. Сега закопани в земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе мора да се навикнете да живеете без резултати и без надеж.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веќе си навикнал и ти е тешко ако не те викнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Не можеме очите да ги навикнеме на студената темница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бездруго, пропаднатата петиција за затворање на диското ги оставаше соседите со глави да тропаат по ѕидовите, или можеби навистина тропањето ми беше наменето мене затоа што не правев доволно силна бучава како онаа на која навикнале.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Топлите денови помогнаа полесно да се навикнат првачињата на одвоеноста од родителите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Три дена копаше чичкото, па се навикнавме на него и мило ни беше да го гледаме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Секогаш сѐ правиш сам и толку си навикнал на тоа, што просто се чудиш кога некој ќе го побара твоето друштво.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се навикнавме во грч да го чекаме да наслушнуваме кога ќе се приближи, и благо да издишеме кога ќе нѐ одмине.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Јас веќе се навикнав на своите порази, вели, и сега не можам без нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа бргу се навикна на новите звуци (чудни се патиштата на човечката психа, оти човек се навикнува на сѐ, дури и на најбизарните нешта), но сфати и дека оваа „криза“ не е забава, не е диско и дека со неа нема заебавање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Навикна и на топовските и минофрлачките гранати и на рафалите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога навикнавме на таа едноличност, на тоа сивило, вторникот во бавчата се раздени добиче што тонеше в земи, слепи близначиња шетаа по дворовите и пееја, и така, Ноќта ми се пристори некоја небесна тишина во која не се слушаше ништо освен оној вечен звук на земјата дури се врти.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Одамна беше навикнат да спие со силна светлина во лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, тој не беше навикнат да пишува на рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навикни се на затвор, навикни се на слобода. По навика се навикнувам, и на тоа што треба и на тоа што не треба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Навикнавме на границите. А на Балканот нема педа земја кај што нема некаква граница!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе