навивачки прид.

навивачки (прид.)

А можеби затоа што секој понавивачки настроен читател е склон да биде по малку воајер кон светот на своите писатели.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, збунува „навивачката“ штрајкбрехерска одредба, која вели дека работодавачот, односно здружението на работодавачите, може да бара од надлежниот суд да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, државата во вечната борба меѓу работниците и работодавачите, се стави во навивачка улога и ја одбра страната на вторите, кои и без тоа се помоќната страна во односот!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со мала почетна буква се пишуваат: припадниците на воени и на полициски единици (алфи, тигри), навивачките групи (комити, чкембари), трговските марки на производи (кока-кола, скопско, тојота, конверс), општите именки кога се поврзани со конкретен број (табела 1, член 5, став 1).
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)