молив м.

молив (м.)

Се сеќаваше на движењето на својата рака додека со молив ги потцртуваше редовите во книгите што ги читаше и на својата желба да потцрта за да не заборави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога имаат молив немаат тефтерче и така уште ненапишано го забораваат токму она што не е за заборавање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Имав едно поткршено моливче и секогаш оставав пораки по ѕидовите од нужникот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа ја дигна слушалката стискајќи го со танките прсти наострениот молив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крсте го испушти надесно моливот, се наведе небаре да си го земе, ја подаде левата рака под клупата, го залепи левиот образ на самата штица и очите сами се вперија право во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Моливот му изгледаше тврд и дебел меѓу прстите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со врвот од моливот длабеше дупки во дрвото од клупата и нервозно грицкаше праменче од косата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И еднаш најде зад прагот модро плико на кое со молив китнесто беше извезено неговото име.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седна крај прозорецот, го зеде моливчето и ја напиша оваа песничка за топлата снежна покривка: Од небото зимско цел ден само снежи, под покривка бела родно поле лежи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Горјан носеше преку рамото обесена кожна торбичка, во која имаше бележник и неколку моливи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Отворањето на фиоките е рамно на отчкринувањето на волшебна кутија: смекнатата браон банана меѓу копчињата, виљушката до моливот, тој до кремата за бричење.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас тргнав по друг пат, според сфаќањата на моето рано окружување, многу полесен, патот на моливот и белата кошула и вратоврска.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во книжарницата набргу некој влезе и се слушна важен женски глас: „Моето девојче е прваче. Ве молам, дајте ми една тетратка со широки и тесни линии и еден молив број два.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Математиката си е тоа. Со Мирјана зедовме молив и пресметавме што може да се стори со една плата. Токму за живеачка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Понекогаш му носев книги кои самиот не стигнував да ги читам а сакав да го имам неговото мислење за нив, да ми ги потцртува со молив позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дури беше силен моливот - тој и душата своја ја пресоздаваше во значења и знаци и тој тоа го правеше со големи пориви, со голема жар: уште недозапишан претходниот - тој од твоите усни го читаше и поземаше веќе наредниот збор, го обликуваше покрај другите и им го оставаше во наследство на времињата и незнајното.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Немав кому да му ги носам своите текстови за мирно просудување, за моја заштита, немав кому да му носам книги за потцртување со молив на најзначајните места, на страниците со пепел и потоа за разговор во врска со нив, немав кому да му се восхитувам за мирната храброст, моќ и трпеливост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Откако со големо внимание и потцртување со тенок графитен молив ја читаше и размислуваше за намерите на Камилски, се прашуваше зошто му ја донел оваа книга дури од Париз? Тука морало да се крие нешто?!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе