лач (м.)

А врз сето ова, сонцето ги разлева своите благотворни лачи и ја вика целата природа нов радосен живот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа ги мести очилата и право гледа во раззеленетата трева под багремите, над која се просипа златото на сончевите лачи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така и преблажениот отец и учител на нашиот народ повеќе од сонце со тројни лачи сјаеше и просвети безброен народ којшто лежеше во мракот на незнанието.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Па со поглед што блика и зрачи, потонувам до дно во модрината, и кликнувам пак на убавината: Прострелај ме со своите лачи!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сонцето што се плеткаше веќе по дрвјата од бавчите со стотина лачи удираше во валканото џамче и ја откриваше просторијата, односно одајката, како гостинска одаја од нејзиното сеќавање: џам, да, џам, леле Господи! И ќумбенце, и врата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се симна Духот - птицата небесна, Се источи небото во лачи сјајни, Се пресоздаде светот во тивка песна, Пееја ангели - простори бескрајни.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но слеј се, слеј се со тишината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Та сите други ќе бидат мали за него... а тој повисок од сончевиот врв, голтајќи сончева лач... ќе досегне подем!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден од нив забележал дека месото на граматикот сосема се распаднало, а очите му биле сѐ уште ведри и полни светлозрачен лач, како да видел откровение божје, а не успеал да го соопшти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овој синкав лач во неговите очи ја растопува во некаква заборавна умиленост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Точка-збор кој зрачи Со безброј лачи: Точка - крај, точка бескрај Точка - почеток, зачеток На вселената, на човекот, Точка во човекот, во битието, Точка на секот и пресекот, Точка - зрно на зачетието.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Трепери молкот, Тоа глобоко, тоа темно око, Со кое го следиме сивото, Невидливото, тоа далечно Слачно тесто што таа го цеди, Тие шумливи, тајни болкореди, Од загодочно и од мрачно, Врз очи што се гнезди, се лепи, Та ние остануваме слепи За искрите, за сјајот, за лачите.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
ТОЧКА Точка - збор кој зрачи Со безброј лачи: Точка - крај, точка бескрај Точка - почеток, зачеток.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Престорен во палка сега беспрекорна прелест-сјај, лач златоклун велја спрега славно спушта в сонеж-бај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)