лав (м.)

Месечината одблеснуваше со онаа своја болна светлина над маслините и чиниш рееше тагување над оптегнатиот лав во тревите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остави ја нека тетерави додека не ја изеде лав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Еден лав пред глушец бесен в страв се тресе.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во историската хронологија Херои и Убијци и во романите Мара и Лавот од Јанина прозната структура е градена врз темелите на животот на Македонецот во Македонија и врз историските настани на Балканот од крајот на осумнаесетиот век, преку Илинденското востание и Првата светска војна до предвечерието на Втората светска војна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Последните денови тие го гледаа некогашниот лав на земјата како се понижува со своите невозможни амбиции.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ти која од јарецот и бикот Ти која од ракот и рибата Ти која од лавот и сонцето од орелот и змијата од мајмунот и мачката од кругот и крстот правиш митос правиш поезис правиш космос! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И птиците не се делат од своето јато Кога газиш, погледни , ќе се осакатиш од тло со трње животот е полн со веројатности Остануваш, ко изгубено кутре сред густа шума Лавови бездушни ќе те распарчат и нема да пуштеш ни солза...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ќе живее низ другите, низ нивната жед, опседнатост и занес или низ нивните страдања...во неговите златни орелски канџи и белокоста на лавот здружена со ѓаволот и светецот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Внимателно го крена ’рѓосаното железо, изгравирана глава на лав, што висеше на она крило од портата кое не се отвораше при секојдневната употреба и околу кое беше напластен од страните мов, а од долната ивица, напролет никнеа тревки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Публиката заспива, му рекол атлетот, тој полудел и му се подал на својот познајник лав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Морскиот лав во Зоолошката градина, кој паднат во некоја депресија одбивал и да јаде, кога се појавив и се подадов кон него, доплива кај мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Градот се менува а ти старееш, тажен си што не си се прилагодил на тупси-тупси кафаните, бронзените лавови и барокните мостови, и што веќе немаш храброст ни да се иселиш.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Па ѝ ги пуштам лавовите да ги научат трикчињата, пред да ја расчеречат, во жолтото мое собуле, во сништата мои пожолтени.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
По борбите меѓу гладијаторите, другиот ден, следел масакрот на сто лавови, сто лавици, двесте леопарди и триста мечки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Иако спротивставени, имаше силни реакции и во другите кругови: италијанскиот скулптор Giacomo Manzu бараше смртна казна, додека пак една швајцарска група уметници го поздрави чинот како трансгресивен уметнички перформанс и сакаше да го номинира Тот за Златен лав на Венецијанското биенале.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите и златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бев во џунглата во која лавот му ја изеде сенката на Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се чувствуваше непобеден медитерански лав излезен во арената на животот, кој зад себе ја имаше оставена живата творба, туниската држава, која остана модел во Магреб и Франција, за избегнатата колонијална војна како во Алжир, ги избегна крвавите последици од религиозните судири.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Глетката толку многу го понесе што имаше чувство дека може да скокне како лав на тигар.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Повеќе