ист (прид.)

Дури и кучињата нѐ гледаа со истата омраза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашето месо се држи за иста коска...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поради истата причина деконструкцијата не е структуралистичка.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мирно е, тивко... Во одајата влезе истиот лекар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа, иако исчезната одамна, успеваше да живее и да го оживува моето детство, со истите илузии.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никој неа не можеше да ја разубеди во тоа. Еве и сега се случува истото!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Човек може да се потпре само на мртвите предмети како што се штекерите, кваките, лавабоата, секогаш ги наоѓаш на старото место, и секогаш се исти“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така живееле, суви од иста невојла и плодни како риби, сиромаштијата ги доела на секната цицка и ги одржувала в живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Речиси иста судбина во различни времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите го носеа истиот медал на реверите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Брат ви ја работи истата работа званично.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
4. Сетики знаете дека има разни коали Има коали чауши и обични мали гладни коали Има коали со здрвени вратови Од сонување саде во една иста положба Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести И ич бутур не им е заради тоа Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Во истиот период можеше да се забележи засилена употреба на турцизмите во основа од оправданиот и благороден стремеж да се истакнуваат елементите од народниот јазик, особено во стилската интензификација во некои книжевни дела.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во септември, истата година, се формира и Панеладики демократики енуси селадос (Сегрчки демократски сојуз на жените) во чие раководство влегоа 9 Гркинки и две Македонки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и тие личности што се во центарот на настанот, не можат многу прецизно да го откријат истиот и да го одгонетнат во вистинска светлина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во исто време Турците ја имаат Либија под власт на отоманската Порта и пропаѓа во вазалската кнезовска Србија обидот за донесување на прогресивен Устав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега останува да се реши дали тоа неутрално колце стои осамотено со одделна боја од другите колца или има и други колца со истата боја или со поблиска до неа отколку од една страна со централното македонско наречје, од друга со источнобугарското наречје или со српскиот јазик кај Вук Караџиќ, ќе видиме оти сите македонски наречја се поблиски до централното македонско, а не до централните наречја на другите јужни Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Истата вечер, звукот на гајдата го облеа небото, зурлите и тапаните трештеа низ кориите, одбивајќи го својот звук од младите букови стебла.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе