заоѓа несв.

заоѓа (несв.)

Времето минуваше. Залезот на сонцето го облече пејзажот во ново руво. Синевината и таа како да заоѓаше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Девојка погледна во старецот и го враќа сонцето од него да не заоѓа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
II Пролетното сонце веќе заоѓаше над планината и околу него се собираа некои црвени облачиња што носат кучешки ветер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во далечината заоѓаше црвеното око на сонцето, а облаците се распрснуваа на сите страни како изгубени стада.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зошто надоаѓа како да доаѓа од бестрага од кајшто заоѓа сонцето кајшто земјата и небото исчезнуваат како играчка зафрлена во потонот на баба?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да седам на табуретка во маало со саати, да гледам како заоѓа сонцето.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Таквото дело, во стварното тело на уметничката, заоѓа во имагинарната неутралност помеѓу субјектот и објектот во која го става гласот на преживеаниот којшто ја претставува болката на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ја сеќавам сталоженоста по заоѓањето на сонцето. Небото е уште светло, но вечерницата веќе трепка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вистина сонце нема, не се гледа, но според светлината што струи од небото, и тоа е на заоѓање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отворањето на ново соѕвездие – тука во соседсвото. Шпагите на патиштата, заоѓањето на сонцето во евтино шише рум.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Чанга и натаму изгреваше и заоѓаше во неговите спомени...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потајно улам на тебе, на твојата скришна насмевка, на твоите усни во кои заоѓа сонцето, улам на строгоста на твојот збор, на твојот рапав глас, улам на твојот поглед насочен како стрела кон сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не можам да го запрам како што не можам да го запрам ни ликот што ми заоѓа зад работ од твоите трепки по кои вјаса брзакот на ноќта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
13. Во мракот падна уште една ноќ Во самотноста на глувото време што го обвива истечува семето на светот Ни деца ни внуци Само здивот и дланките негови оставиле траги од невени во иловицата на стиховите Отсутноста негова зборува дека дури се денат деновите во пазувите на ноќта тој постои И земјата што заоѓа во темнината подгонета од стожерот свој местото си го наоѓа пак во светлоста на вселената своја И да се развее песната негова како лисјето како песокот катот ќе си го најде во луѓето како водата како ветерот И колку страдалничко да е сеќавањето на гибелта ќе зборува за животот еден и в смртта кога во мраката ноќна огреваа сртовите низ една болка болка
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
За последен пат Мече фрли поглед на блатото: под зраците на сонцето што заоѓаше, водата гореше во крваво-црвени одблесоци.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сонцето заоѓа на запад, најубаво време е сега, кога денот заспива, а мислата во мене е само овој самрак и вечер.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сонцето заоѓаше со звуците на Шопеновото анданте од концертот во ф-мол.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И се смее, заоѓа од смеење, ги подзамижува очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Незабележливото заоѓање на сонцето им ги продолжувало сенките меѓу кои лежела меѓа на два света.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе