ентузијаст (м.)
Имаше кажувања дека кутрите француски кози биле разделени од сестринското стадо, продадени за скапи пари на други козји ентузијасти. Вистинска балканска козја мафија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бевме ентузијасти и големи верници во победата. Така беше.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Самиот негов презир кон конвенциите и финесите на животот, машкоста што се рефлектирала во секој негов гест, во тоновите на гласот и во изразот на неговото лице, сето тоа, обединето со такви таленти, сигурно ја придобивало ентузијастичката восхит на мажите околу него.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Она што го знам е дека не ни се потребни херои, ниту изолирани ентузијасти, ниту пак лидери.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Не знам... мене лично оваа „состојба” ме фура на резигниран ентузијазам (или обратно, на ентузијастичка резигнираност).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Повеќето компјутерски ентузијасти и многу хакери се технички добро потковани но не се во контакт со поширокиот свет.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Висококултивиран и ентузијаст за музиката, принцот бил прониклив и препознал во Бетовен дека пред себе има еден од избраните на сите времиња.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Како некакво тотално прочистување, аскеза речиси, при што почисто ќе се лоцираат оние пар ентузијасти („фрикови, особењаци, откачени”) коишто се токму некакви столбови на духовност на оваа инаку моронска социјална градба?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)