четиригодишен (прид.)
Грофот Валдштајн на дваесет и четиригодишна возраст пристапил кон Германскиот ред, поминувајќи ја годината од неговиот пробен период на Дворот на Електорот од Бон.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Беше одлична ученичка без ниту една четворка низ четиригодишното образование.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Едно претпладне баба му го доведе четиригодишниот Тарик кај роднините.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Рече дека таа идеја ја дала Луција, како култ- координатор на целото училиште и на Партијата, и дека наградите (три: една прва, една втора и една трета, во парична вредност која не беше за потценување), ќе бидат доделени на денот на врачувањето на дипломите, на самиот крај од нашето четиригодишно школување.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Станува збор за едно четиригодишно дете кое побарало засолниште, можеби за да ја избегне санкцијата на родителите, во еден кокошарник.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На прагот стоеше градинарот Раиз со двете ќеркички за рака, петгодишната Јета и четиригодишната Дита. Од белите мермерни скали слезе сопругата Гзиме.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ете, си реков, некој сака да ѝ наштети на мојата четиригодишна сериозна љубовна врска, преку симболот на скинатото синџирче, ама што е пак сега симболиката на memory stick-от?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Брутално, шокантно искуство за едно четиригодишно дете.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)