финеса ж.

финеса (ж.)

Никифор Правдољубивиот ќе забележи дека овој непомирлив противник на схоластиката, еден од најсамосвојните ученици на Музеумот, знаеше со иста непосредност да ги толкува Еуклидовната геометрија, Никомаховата теза за априорната егзистенција на броевите во духот на Творецот, најсуптилните финеси на античкиот јазик или да насмее со импровизираниот мим, често пародирајќи се и себе си како несмасен трговец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Трупот беше добро хранет и тоа не со јазикот на „обновата и изградбата“, туку со регресија и разградба, со едно паролашко поимање на литературната идеја и новинарскиот однос спрема финесите на литературната стилистика и методика.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За тоа време, женката, кралицата, која одамна ги осознала сите финеси на Играта, сѐ уште ранливо ги залажува поданиците дека и е неопходна нивната заштита.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ваков добар портрет кој со такви финеси доловува многу специфичности на мојата личност досега никој нема направено!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Бетовен ја сметал Мисата во Де-дур за свое најголемо достигнување, но таа го освојува теренот многу бавно.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Покрај тоа, тој ги поседувал сите сонати на Клементи, на кои тој многу се восхитувал и кои повеќе години биле основа на музичките студии на неговиот внук.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)