стереотип (м.)

Родовите стереотипи го излудуваа, особено кога беа камуфлирани во поучни детски приказни.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Секој миг постојано ги разместувам, така што формираат дополнително шаренило врз црно-белиот стереотип, на дрвената табла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сѐ беше толку добро инсценирано, како на филм. Како некој динамичен стереотип од приказна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се раѓаат во тој напор на мислите и во враќањето на настаните нејасни излези, посакувани решенија, пророштва чуени некогаш во цигански шатор, стереотипи на гледачка на дланка, во кои, еве, во некој дел од животот, човек сака да поверува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стереотипите за нецепкање на имотите беа пречка во планирањето на многучлените семејства.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште од култната книга на Сузуки и Фром Зен будизам и психоанализа, се знае за стереотипот според кој запад го карактеризира прагматизмот, а исток неговата мистика, која е насочена самата кон себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Или се лажам и, додека заклучувам дека токму егзилот и емиграцијата се фактори што семејството Старова го направиле толку сплотено (заемно посветено, меѓусебно апсолутно верно...), наседнувам на доминантните протоемигрантски стереотипи и слепечки ја следам кривата трага?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Затоа, Мирославе ти само пеј. Онака патетично и со стереотипи.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се разбира, некои гејови и луѓе што им се благонаклонети реагираа со поддршка и со ентузијазам, но многумина други приговараа дека сум бил непромислен и провокативен, дека сум ги ставал геј- мажите на лош глас, сум продавал стереотипи со тоа што сум имплицирал дека геј- мажите се различни од стрејт- мажите, дека сум ја изнесувал лудата идеја дека постои нешто што се вика геј- култура и дека е различна од стрејт- културата, дека сум ја потврдувал хомофопската претстава дека геј- мажите „врбуваат“ стрејт- мажи да се впуштат во „геј- стилот на живеење“ или дека сум ѝ давал на верската десница оружје со кое ќе удри по нас, а со тоа сум ја загрозувал борбата за граѓанските права на лезбејките и на гејовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, далеку од факти, ваквите генерализации за геј- мажите биле обични заблуди – на пример, дека геј- мажите се модни зналци или познавачи на дизајнот, дека се мераклии да се облекуваат како жени. ‌Џон, вели, цел живот се борел против тие стереотипи и не сакал да гледа како сега нив ги поткрепуваат и високообразовни установи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали овие нови електронски медиуми ја играат својата иницијациска улога еднакво делотворно како постарите, потрадиционални друштвени мрежи, дали го шират или го стеснуваат достапниот опсег на квир- информации, дали отвораат нови описменителски можности или ги сведуваат геј- културните референции на ограничен збир стереотипи – сето тоа допрва ќе треба да се види.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивните понови дела ја отелотворуваат Источно-лондонската работничка класа, машка култура, мечтаењето на стереотипите и маскулината фантазија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За разлика од оние видови злонамерни стереотипи што треба да ги омаловажат и да ги оцрнат припадниците на некоја малцинска група, стереотипите за машката геј-култура и за машкиот геј-идентитет што ме интересираат мене тука се стереотипи што лично ги разработувале и ги изнесувале барем некои геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа навистина погоди куп луѓе што сакаа да ги одржат старите стереотипи. често се прашував: „Дали тие луѓе кои си играат криенка воопшто се грижат за оние сиротички луѓе кои едноставно не можат да се вклопат во зададените улоги?“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дали се ова само стереотипи за геј- мажите? Дали се некакви пројави на некаков сексуален расизам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа го искористија политичарите и преку своите слепи подржувачи секојдневно ни нудат искривени слики кои се повеќе бедни клишеа, одвратни стереотипи, односно слики кои потекнуваат од стерилни центри за вообразба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)