сврзан (прид.)

41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Козар маало и други кози и јарци носеа имиња сврзани со името на Сталин, но не знаевме дека така се вика и главниот прч на Чанга, кој прв ја загледа нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А во своето завршено објаснение, насловено Кон расказите, авторот ќе напише дека во неговата книга: „сите опишани настани се вистински настани, случки сврзани со мојот живот од порано или подоцна“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Романот е фасцинантна вивисекција на балканскиот дух, предадена низ една интимна фокализација (на дете кое е сведок на интелектуалните разговори на двајцата балкански Дон Кихоти), со чести и луцидни коментари на човек упатен во сите научни области сврзани со балканологијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
РУСЕ и Ѓурѓево ги дели Дунав а се сврзани со голем мост, долг пет километри, со неколку патеки за пешаци и возила и со железничка линија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имено, потковичаните, дојдени или доведени од сите краишта на Македонија, лека полека се свикнуваа едни на други и лека полека ги прифаќаа, како свои, традициите на староседелците: почнаа да им се придружуваат во чествувањето на светите води и места, ги прифатија обичаите сврзани со Латинска Црква, го прифатија Свети Никола Летен за заеднички селски сведен, а Турците се однесуваа како сето тоа да се правеше во нивна чест.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Требаше да собереш сили, уште во почетокот да ми кажеш дека за твојата мајка и твојот татко има многу горчливи, многу трагични, болни настани сврзани со мојата земја...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Слаби, ненахранети, одвај сврзани детски телциња, како шумоглави се вртевме околу својата мала, саката сенка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се добива ваква слика: „Останаа, од една страна, крупни компании за камен јаглен, кои добиваат неколку милиони тони јаглен, цврсто организирани во својот синдикат за камен јаглен; а потоа тесно сврзаните со нив големи леарници за челик со својот синдикат за челик.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но внатрешниот пазар е во капитализмот неизбежно сврзан со надворешниот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Трите последни редици од претпријатија се сврзани со крупните германски банки, со најкрупната „Германска банка“ на чело.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Веднаш потоа и Богомил Ѓузел со крајно изострено чуло, упатеност во проблемот и знаење, ни посочи цела гама проблеми сврзани со семантиката, развојот и филозофијата на говорот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја, започнувањето штрајк во јавното претпријатие и неговите карак- теристики се сврзани за повеќе процедури, кои го отежнуваат и започнувањето и ефективното одвивање на штрајкот во јавните претпријатија, додека правото на основање Совет на вработените и учеството на претставници на работниците во Управниот одбор на претпријатието е укинато.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Лежевме така неопределено долго под дрвото; мислам дека веќе и времето изгуби смисла, оти ние говоревме работи што не се сврзани со времето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас, од своја страна, веќе реков, дека моите побуди не се сврзани со строго практичен или политички интерес, моите побуди се добротворни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но тој повторно е зафатен со темницата во прозорецот а јас… јас навистина се плашам дека може да се случи и на глас да го прашам дали верува дека неговото професорско однесување може да придонесе во разрешувањето на сложените прашања и дилеми сврзани со мојот случај, во кој наивноста и брзоплетоста заземаат најзначајно место?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Круп во Германија, Шнајдер во Франција, Армстронг во Англија – се примери на фирми тесно сврзани со гигантските банки и со владата, кои лесно не можат да бидат „заобиколени“ кога се склучува заем.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Алфред Кинси тврдел дека „инверзијата и хомосексуалноста се две посебни и не секогаш сврзани типови на однесување“.52 Хомосексуалноста, како што Кинси го разбирал тој концепт, се однесувала на идентичноста на половите на лицата вклучени во сексуалниот чин.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓутоа, парижанте многу жалат за старите „Хали“ и, колку што ми е познато, имало долги и бучни расправии поради преместувањето на „Халите“, кои се толку многу сврзани со историјата на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но тука се и театарот и театарската уметност како најмаркантни културни феномени сврзани со еден облик на живеење и творење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе