раскинат (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Темниот удар на крилото  темно ја сече модрината. Блеснува на студенилото  рибата в клунот раскината.
        
      
    
    
    
      „Слеј се со тишината“
         од Ацо Шопов 
        (1955)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Капнати од умор, раскинати, закрвавени луѓето се натркалаа да спијат.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ветриштата, некогаш млади и диви, старееја и се смируваа, а облаците  на небото, раскинати и расфрлани, беа оставени самите да скитаат низ празната белина.
        
      
    
    
    
      „Лек против меланхолија“
         од Реј Бредбери 
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Имаше раскината фанела на градите и целиот беше поцрнет од муви и други гадинки.
        
      
    
    
    
      „Вежби за Ибн Пајко“
         од Оливера Николова 
        (2007)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Најпровокативен во оваа глава е поднасловот “постмодерната ситуација     на идеологијата”, особено уште претходно најавената теза, дека “ во еден постмодерен,     ‘раскинат’ свет со сѐ поголемо забрзување, има помалку шанси за остварувањето на     идеологијата”.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)
        
        
    
    
   
   
         
	        