разреден (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Восочното лице почна да добива боја на разредена боровница.
        
      
    
    
    
      „Последната алка“
         од Стојан Арсиќ 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          4  Во празничната мугра во која од земјата испарувале ноќните сенки и се кревале кон разредените облачиња без движење, над мртвите ридишта останала само уште една ѕвезда.
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Вилиците му штракаат и дишењето му е тночко, плитко, разредено.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во мај, разредениот воздух над гетото Барон Хирш само двапати го пара писокот и го исполнува пареата од локомотивите на двете композиции со нов човечки товар во истите добиточни вагови: на 3-от и 9-от ден на месецот во кој едвај кој можеше да забележи како богато цутеа дрвјата во дворовите од напушените еврејски куќи.
        
      
    
    
    
      „Светилка за Ханука“
         од Томислав Османли 
        (2008)
        
        
    
    
   
   
         
	        