разлигави (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          — Суло ага се разнежи кога се сети оти четири години не го видел сина си, и уште за малку што не се разлигави, па продолжи: —    Евала, кардаш, на сите!
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не може јазикот да си го собере. Ја разлигавил муцката, уплашен е од стравот наш.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Чудно живинче ти било човечиштево: оди кај оди и дувни, расплачи се, разлигави се.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Илко се наведе, и ја исправи главата меѓу своите плускавичави раце, ја погледа во плачните очи, се разлигави и тој, и со пригушен глас, глас на човек што ја постигнал својата цел, рече: —    Е, Дочко!
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
   
   
         
	        