намерно (прил.)
Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Окото: иако има голема дарба да продира дури и во невидливите работи, може да биде и мрзливо или незаинтересирано а пак намерно да подзамижува, некаква своја лукавост тогаш сака да покаже, доколку се работи за нашата себичност.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се зборуваше дека намерно истрчувал кај што паѓаа гранатите од војските што влегоа да нѐ ослободуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А и добро направив. Со својата посмртна моќ јас в час можев да се најдам среде гробиштата, ама намерно пешки заодив по патот што води кон капелата, таму каде што се подредени продавачите на цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Намерно не го отвори писмото пред љубопитните очи на сестра ѝ.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Мислам оти неа ја имам составено од сите оние нејасно промолвени зборови на Семјон што ќе ги изречеше од невнимание а понекогаш и намерно за да ја задоволи барем делумно мојата женска љубопитност.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Прави ново кино рај од животот свој, не бега кукавички од својата милост, не повредува намерно никој.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Тоа беше сеќавање што веројатно намерно го туркал од свеста во текот на многу години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Офицерот ги изговараше зборовите со една намерно барана лирска интонација, запираше наместа да го сврти вниманието на некое име или факт.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дури и имињата на четирите министерства, преку кои сме управувани, покажуваат еден вид дрскост затоа што намерно ги извртуваат фактите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Мајка ѝ намерно не гледаше натаму.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Таа го помести својот незграпен чевел неколу сантиметри и намерно скрши едно гранче.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ова исто така намерно е сложено, за да звучи како реклама: Меѓу нашите артикли од лиено железо, ја препорачуваме славината која сама се затвора кога никој не ја слуша.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не знам како е поарно да се умре: Намерно како јунак или ненамерно, како згазена бубачка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога подобро се загледа во чашите во барот, имаше впечаток како некој намерно да кршел чаши.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Нејзините перформанси на еден вознемирувачки начин ги комбинираат спокојните, банални, секојдневни активности, повредите и болката - голтање на гнило мелено месо додека гледа ТВ-вести во намерно неудобна положба; наизменично ранување со жилет врз стомакот, очните капаци, лицето и рацете додека си игра со тениско топче (Психа, 1974); бескрајно гргорење со млеко сѐ додека исплуканата течност не се обои со крв (Sang, Lait Chaud, 1972); искачување со незаштитени стапала и дланки низ скалички составени од жилети (Escalade Sanglante, 1971).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа знае да ме опседнува. Намерно да ме прави љубоморна, станувајќи понекогаш туѓа муза.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Паметам, тогаш бев помислил дека таа намерно ги фрли пилињата врз моите убаво исчистени кондури.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Доушникот некој го излажал или намерно му подметнал погрешна информација.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)