музичар (м.)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Дете што расте, чиешто тело го тресат оргазмични ритми; чиишто чувства се изразени во химни што ја слават радоста на онанијата или убивањето родители; чијашто желба по слава и пари нашла свој пример во бисексуалниот музичар.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Значи, концерти на личности и музичари и се препознаваат по деталите на облеката.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тивката музика од музичарот на клавир совршено се вклопуваше во амбиентот, а персоналот кој ни се претстави кога започнавме со вечерата, сите беа доктори по кулинарство, со искуство стекнато во најреномирани светски ресторани.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Му подарил пијано и му помагал во многу ситуации. Со својата општествена положба, пријателскиот однос на Валдштајн кон Бетовен веднаш го насочил вниманието на другите кон младиот музичар.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Тројца музичари, на излогот, во сини, глинени африкански панталони со симболи на Земја и Сонце, свиреа нешто помеѓу блуз и џез и изгледаа мирни и задоволни врз купот шарени камчиња кои Пиратот ги собирал од најблиското речно корито.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Бил во своите најубави години, триесет и три, кога почнал да го подучува, и веќе бил темелен музичар со широко искуство пред да ја заземе таа улога.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Од прозорчето можеше да се опфати речиси целата просторија; дури и подиумот на кој беа сместени музичарите со излаштени инструменти.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На музичарскиот гениј кај Бетовен му се додава и широк ментален опсег, алтруистички дух, кој бара да му помогне на човештвото на неговиот пат кон возвишеното.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Само добар музичар би бил способен да заземе вакво место, бидејќи сета придружба се свирела од партитура.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Тој живеел доволно долго за да биде сведок на цврсто утврдената позиција на Бетовен како музичар, но не доволно долго за да ги види неговите најголеми триумфи.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Елдричовата студија, објавена под насловот „Ефектот на синтетичката материја слична на марихуаната врз музичкиот талент мерен со Seashore тестот“, тврди дека експериментално е утврдено дека употребата на марихуана предизвикува слобода на изразување кај музичарите до таа мерка што ги „вознесува до нови врвови на виртуозноста“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Музичарите го следеле од соба во соба, и секаде се барало од Бах да ги испробува пијаната и да свири композиции со импровизации.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Златникот блескал на сонцето. Музичарите занесно го погледнале.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Музичарите престануваат да свират.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Истовремено со нив пристигнуваа и музичарите. Надалеку ечеше звукот на зурлите и тапаните.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Проучувањето на овие длабоки, генијални дела, под водство и пофалба на толку истакнат музичар како Хајдн, многу влијаело врз обликувањето на идеалите на Бетовен.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Молскиот акорд А беше очекувана смисловна перспектива, кога музичарот и виолината без напор ги прескокнаа ѕидот, оградата на балконот, толпата пред фонтаната со боза, градот итн.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој кажуваше работи за кои ќе беше подобро да останеа неискажани, читаше премногу книги, често ја посетуваше кафеаната „Кај костенот“, собиралиште на сликари и музичари.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сѐ до времето на Бетовен, музичарите (со исклучок на Бах) главно ги изведувале своите дела водени од интуиција, а не од интелект.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)