крушковиден (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Спроти џамлакот стоеше платното што го сликаше на ногалки од школска табла, а под неа кантички со бои, шперплоча како располовена крушковидна тиква за мешање на боите, шише терпентин и ќупче четки во различни големини и уште едно ќупче шпахли, исто во различни големини.
        
      
    
    
    
      „Синовски татковци“
         од Димитар Солев 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Им дадоа да цртаат некаква мртва природа, составена од загризено јаболко, компир во глуждови и крушковидна тиква, па една човечка глава од бела глина и уште нешто по слободен избор.
        
      
    
    
    
      „Синовски татковци“
         од Димитар Солев 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          BODY                   Златножолтиот сок од портокал се лелее во чашката осветлена од сонцето;                   густ и сладок карамел лази по ритчињата розев сладолед; патентот на                   фармерките со остар звук, се повлекува нагоре, кон папокот оросен со                   златести капки пот; сочниот задник го покажува својот крушковиден                   облик; капе густиот ketchup и ја намокрува жедната тестенина; бисерните                   заби се забодуваат во јаболкото со сочна експлозија; водопади од свилени                   локни се сливаат низ нежни женски раменици; овесни снегулки со нечујни                   експлозии паѓаат во млечно море од порцелански брегови; и сѐ е така juicy,                   и сѐ е така crispy, ммм, и сѐ е така crunchy, мммм, и сѐ е така fluffy, мммм, и                   сѐ е така delicious, оххх, и сѐ е така irresistible...
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 8-9“
        
        (1994)
        
        
    
    
   
   
         
	        