исписка (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ќе испискаа и некои од луѓето наоколу кога ќе разбереа дека им загинале блиски.
        
      
    
    
    
      „Друга мајка“
         од Драгица Најческа 
        (1979)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Една жена исписка. Другите се закикотија...
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Златко исписка, го испушти опашот, а мачката скокна низ отворениот прозорец.
        
      
    
    
    
      „Градинче“
         од Бистрица Миркуловска 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Наеднаш локомотивата исписка силно. Возот навлезе в тунел.
        
      
    
    
    
      „Бегалци“
         од Јован Бошковски 
        (1949)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Остана таму, го заборавија човекот кога ги разотворија вагоните,  како да ги збриша некоја разулавена ветрушка и ги настега во нив, замижувајќи им ги очите, затапувајќи им ги главите и така, возот свирна, исписка, како со човечки глас да се огласи и веќе никој не можеше да го запре.
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во близината пак исписка овчарчето...
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          До пладне сите вагони беа нагнетени и црната глава го исписка знакот за тргнување.
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Засвирува неговата гајда, длабоко и примамливо, и само понекогаш ќе исписка.
        
      
    
    
    
      „Послание“
         од Блаже Конески 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Детето исписка стегнато помеѓу неговите и градите на жената.
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Штом го допре, тој силно исписка.
        
      
    
    
    
      „Омраза - длабоко“
         од Драгица Најческа 
        (1998)