искористи св.

искористи (св.)

А малце потоа и како да го наслушна неговото неизговорено додворување дека решението да живеат како што умеат а притоа и да го искористуваат најслаткото од животот е нивно и само нивно… а на оние горе, рамнодушно им ги отстапуваат грижите и вечната жед.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Парите ги ценел само доколку можел да ги искористи за себе или за другите.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Беа дојдени на работа уште пред сонце, тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел, за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Туѓинецот ќе ја искористи широкоградоста на небото ќе влезе низ подземни порти и со отров ќе нѐ попрска Scorpius-Ophiucus.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа значи дека сте на најдобар пат да ја искористите љубовната напивка и да станете јунаци на една голема љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наместо таа да ламентира заради ова, јавната уметност може да ја искористи оваа маргинална позиција во своја предност:
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Требаше добро да се искористи и за свои цели, а најмногу за унапредување на републичката хиерархија на власта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Германија настојувала да ја искористи предноста во наоружувањето.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вториот став, Ларгето, е интересен поради воведувањето дијалог меѓу групите инструменти, иновација која тој во многу поголема мера ја искористил во следните дела.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Е, тогаш, родот Кочов видел дека може да ја искористи ситуацијата и нешто да стори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И тоа што учел им дојде згодно на пријателите на Борко да го искористат и да можат да кажат Симон да биде чувар. Земаше редовна плата за тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дел од работата од овој период потоа бил искористен на тој начин што бил инкорпориран во делата од неговите зрели години.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Во скицата за паркот, освен нови - кедри, туи и елки - ги вклопив старите околни дрвја, оние што можеа да се одберат и да се искористат, како и сегашната жива ограда од кленики скраја подолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓутоа, итрите производители искористиле еден момент за голем пропаганден ефект, кој и до денес ја разнесува славата на оваа колонска вода низ цел свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред Првата симфонија, Бетовен веќе имал компонирано десетина или повеќе сонати и бил во позиција да го искористи стекнатото искуство.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Иако подоцна во животот, тој речиси се откажал од делата објавени во овие години, дел од замислите од тетратките со скици од овој период биле искористени во делата од неговите најдобри години.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Само, овде ќе мора како предлошка да биде некој женски сон, па ќе искористиме еден што го сонувала мојата полусестра.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со воведувањето на оваа обврска на директорот на училиштето, сериозно се нарушува правото на штрајк на вработените во основното и средното образование, бидејќи тоа ги одвраќа вработените да го искористат своето право на штрајк поради страв дека ќе го изгубат работното место, а исто така преку оваа одредба сериозно се доведува во прашање ефективноста на штрајкот како мерка која им стои на располагање на вработените за заштита на своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Повеќе