интелект (м.)
Неговиот прониклив интелект бил секогаш над креативниот.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Тој му се обраќа на интелектот на човештвото.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Продадениот интелект гази на сопствената чест и совест поради одреден интерес.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Како главно оружје за кочоперење најчесто го користат интелектот (кој претежно е сомнителен) и нивните 300 научени латинизми со кој би изгледале премногу учени и неразбрани пред простата маса.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Продадениот интелект мора да брбља разноразни демагогии и да брани одредена опција макар што ни 90% не верува во истата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Умереност преточена во генијална изведба на контраверзниот интелект.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Никогаш не го потценував твојот интелект и способност, само не ги сакав твоите гревови.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Спротивно на тоа, Стомачето многу успешно ме шармираше со вербализација и интелект.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Од овие впечатоци, стекнати во жарот на младоста, кога интелектот со страст го впива знаењето и искуството, и кога неговиот капацитет е најголем, произлегла богата жетва во која може да уживаат неброени генерации.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Наместо тоа, тој ги усидри своите текстови во поредокот на интелектот, во одредливите води на библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од овој идеален свет на интелект и емоции, на знак на диригентот, да се врати назад во обичниот живот и неговите ограничувања, мора да било трагично искуство за овој младич, кој за себе рекол: „Јас живеам само во мојата уметност“.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
На нив може да им се дозволи интелектуална слобода, затоа што тие немаат интелект.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во дефицит од интелект останува само продавање на месо и месни производи (читај гз и цицки).
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имаше силна духовна моќ полиграфот Фаик Коница, со силниот заграб на неговиот интелект, да го изведе својот народ од маѓепсаниот источен патријархално-трибалистички круг и да го внесе, макар задоцнето, во поприштето на европските идеи, оддалечувајќи го од феудалниот отомански ментален хоризонт.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Подземните“ уметници и идеолози се алхемичари кои кореспондираат со космичкиот интелект.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Леонардо пишува: „Кога Љубовниот чин од двете страни се изведува со голема Љубов и голема страст, синот ќе поседува голем, духовит, жив и Љубезен интелект.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Спонзорушата не поседува мозок и до некаде е оправдано, за разлика од интелектот, кој свесно се проституира за пари.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сѐ до времето на Бетовен, музичарите (со исклучок на Бах) главно ги изведувале своите дела водени од интуиција, а не од интелект.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Но што има интелектот со „добродетелта за народот“ и воопшто со добродетелта како таква?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Уште повеќе, се работи за една прекрасна творба на човечкиот интелект, во која со задоволство можеме да уживаме.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)