дремне (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И додека траеше растоварувањето на сандаците и товарувањето на ранетите, крадевме од времето за да дремнеме, да исправиме нозе и грб. И назад.
        
      
    
    
    
      „На пат со времето“
         од Петре Наковски 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Татко ми вели дека ќе оди во спалната малку да дремне, а брат ми повторно ги обува патиките, се разбира без одврзување, туку ги нагазува, токму така како што татко ми да го види веднаш би му свикал, и оди надвор:  - Само да знам – довикува од вратата – ќе правиш денес колач или воопшто да не се надевам?
        
      
    
    
    
      „Игбал, мојата тајна“
         од Јагода Михајловска Георгиева 
        (2000)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Знаеш што рекол еден штурец и тоа во доцните часови по полноќ кога го замолиле преморените штурци да замолкне за да дремнат малку и тие?
        
      
    
    
    
      „Летот на Загорка Пеперутката“
         од Србо Ивановски 
        (2005)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Само дрдорите и човек да дремне не може. Ајде, доста, ниту збор повеќе, зашто ќе се налутам...
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)