драконски прид.

драконски (прид.)

Комунистичкиот режим со драконски мерки речиси ја ослободи земјата од жртвувањето низ крвната одмазда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во секој случај, државата би можела да преземе мерки за намалување на побарувачката, кои не би биле толку драконски за повторно да создадат црн пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со воведувањето на оваа одредба, намерата беше да се спречи штетната транзициска практика, но реалните ефекти беа незначителни – бидејќи судиите се воздржуваа од изрекување на оваа казна којашто, според нивните мерила, беше сметана за „драконска“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
О, колку често во текот на краткиот престој во Албанија, во нејзиниот измачен релјеф од драконското спроведување на погрешно пресадените идеи во развојот на земјата, иднината, запаѓав во резигнација и безизлез.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многу други земји, како што се Холандија и Велика Британија, се откажаа од драконските прохибиционистички мерки.­ Марихуаната во Холандија е легализирана, додека во Велика Британија лекарите не само што можат да препишуваат хероин, туку во рамките на една експериментална програма што се спроведува во Ливерпул, препишуваат и кокаин кој се пуши, но не и крек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)